Mонодрамата „Прво лице еднина“- ехо на женските соништа и борби


536269626_782896170769432_3876052283616645318_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 20 август 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се трансформира во простор на емоции, соништа и драмска интензивност. Монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гугин, а изведена од актерката Владанка Крстевски, ја прикажа сложената реалност на женската борба, личните избори и соништата што бараат храброст да се остварат.

Монодрамата е авторски текст на актерката Владанка Крстевски, инспирирана од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Во текот на претставата, публиката беше сведок на различни женски ликови и нивните приказни – од млади жени полни со соништа и амбиции, до мајки и професионалки кои секојдневно се соочуваат со предизвици и компромиси. Секоја улога ја истакна храброста, упорноста и изборите што обликуваат живот, притоа оставајќи силен впечаток и чувство на вистинска блискост со приказните.


Публиката ја проследи секоја емоција и секој момент со внимание и воодушевување. По завршувањето, избувна бран овации- громогласни, долги и искрени, како природен одговор на феноменалниот настап на Крстевски. Секој аплауз ја истакна нејзината моќ зашто допре до срцата и создаде незаборавно емотивно искуство за сите присутни.

Изведбата на монодрамата „Прво лице еднина“ од репертоарот на Театар- Куманово при НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово беше во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK