(Видео) Дуплантис 12-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд


Untitled-2-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд по 12-ти пат во кариерата.


Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно се надмина себеси, овој пат на митингот во Дијамантската лига на домашен терен во Стокхолм.

Дуплантис повторно, како и секогаш, се натпреваруваше сам со себе, и успеа да прескокне рекордни 6,28 метри. Светскиот рекорд го постави од првиот обид.

Надмоќта на Дуплантис во однос на конкуренцијата најдобро го отсликува податокот дека втор беше Маршал Куртис со скок од 5,90, дури 38 сантиметри помалку од Швеѓанецот.

Поради победата на митингот во Стокхолм, Дуплантис ќе добие награда од 20.000 долари, а светската атлетика го наградува секој соборен светски рекорд со 100.000 долари, што значи дека досега заработил 1,2 милиони долари само од соборувањето на рекордот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK