Магдебург преку Берлин до трофејот во Лигата на шампионите


13127101.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометарите на Магдебург петти пат во клупската историја се европски шампиони. Вечерва во Келн, Магдебург, во финалето, го победи Берлин со 32:26 (16:12). Магдебург претходно беше шампион во 1978, 1982, 2002 и 2023 година.


Магдебург го одигра првото полувреме феноменално. Целосно го неутрализираше најсилното оружје на берлинскиот тим, играта во транзиција. Играше исклучително агресивно и цврсто во одбраната, решително и храбро во нападот, па на крајот од овој период од играта, резултатот на семафорот беше 16:12.

Дејан Милосављев, првиот голман на Берлин и еден од најдобрите на планетата, немаше ниту една одбрана за 24 минути во првиот дел. Толку и бранеше во финалето, бидејќи на голот застана младиот Лудвиг кој успеа да забележи 11 интервенции.

Во вториот дел, Берлин се обиде да го забрза темпото, се обиде да го промени текот на играта, но откако Сергеј Ернандез имаше неколку спектакуларни одбрани, а по головите на Клар и Мертенс, Магдебург стигна до 23:17, на дваесет минути пред крајот.

Берлин не се предаде, стигна до минус три, имаше напад за минус два, не успеа да го реализира, и тука згаснаа надежите дека Берлин на титулата во Германија ќе ја придодаде и онаа во Лигата на шампионите.

Магдебург до победата го предводеа Сергеј Ернандез со 15 одбрани, односно Гисли Кристијансон со осум, Феликс Клар и Омар Магнусон со по шест гола.

Кај Берлин се истакмаа Матијас Гидсел и Хакун Тејгум со по седум гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK