Нови 18 решенија за трајно вработување на наставници во Ѓорче Петров


FB_IMG_1749841637219
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

📢 Нови 18 решенија за трајно вработување на наставници во Ѓорче Петров

 


Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со јасна посветеност кон унапредување на образованието. Денес беа доделени уште 18 решенија за трансформација на работниот однос на наставници – од определено на неопределено време – што значи трајно вработување во основните училишта на територијата на општината.

 

Со ова, вкупно 45 наставници добија сигурен работен ангажман во текот на оваа година, што претставува значаен чекор кон создавање стабилен и мотивиран наставен кадар.

 

🎓 Образованието останува стратешки приоритет, а наставниците се негов најважен столб. Обезбедувањето стабилни услови за работа е дел од нашата заложба за поквалитетно образование и подобра иднина за секое дете.

 

👉 Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да инвестира во кадарот и условите во училиштата, бидејќи грижата за наставниците е грижа за генерациите што доаѓаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK