Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA


cefa_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

— Централноевропската саемска алијанса (CEFA) на 4ти јуни ја одбележа својата 30-годишнина со одржување на значајното Генерално собрание во Солун, во организација на TIF-HELEXPO, националниот организатор на саеми и конференции на Грција. Овој состанок претставуваше не само момент за размислување за патот на CEFA од 1995 година до денес, туку и почетна точка за стратешкиот развој на Алијансата во новата ера.

Скопски саем, како горд член на CEFA кој ја претставува Северна Македонија, активно учествуваше на Генералното собрание, придонесувајќи во дијалогот за иднината на регионалната саемска индустрија и потврдувајќи ја својата заложба за прекугранична соработка.


,,Скопски саем е член на Централноевропската саемска алијанса (CEFA) од 2003 година и со своето членство придонесува во зајакнувањето на врските помеѓу членовите и размената на искуства на саемските куќи во регионот. Саемите се значајни платформи преку кои се разменуваат искуства и се градат одржливи решенија,, истакна Даниела Глигоровска, Управител на Скопски саем

Означувајќи го овој симболичен јубилеј, членовите на CEFA едногласно одлучија седиштето на Алијансата официјално да се пренесе во Солун, дополнително зајакнувајќи ја улогата на регионот во секторот на саеми и конференции.

Во рамките на клучна промена во раководството, д-р Киријакос Пοзрикидис, генералeн директор на TIF-HELEXPO, беше едногласно избран за претседател на CEFA за мандатот 2025–2026 година. Овие промени ја одразуваат обновената посветеност на CEFA кон силно управување и стратешка координација низ регионот.

На Генералното собрание беа разгледани следниве клучни теми:

  • Усвојување на ревидиран Статут на CEFA, со што се зајакнува оперативната рамка и се овозможува поголема регионална ангажираност.
  • Потврда на моделот на тројно раководство на CEFA, со претходен, актуелен и иден претседател заради долгорочен континуитет.
  • Визионерска стратешка патека со акцент на споделување на знаења, регионална интеграција и глобална видливост.

Собранието беше искористено и за официјално лансирање на новата веб-страница и социјалните мрежи на CEFA. Следниот состанок на Управниот комитет на CEFA ќе се одржи во Тирана, Албанија, во ноември 2025 година, во организација на Klik Ekspo Group, уште еднаш потврдувајќи ја посветеноста на CEFA кон ротационо раководство и регионална инклузивност.

Додека CEFA слави 30 години поврзување на саемски организатори низ Централна и Југоисточна Европа, одлуките донесени во Солун означуваат смело ново поглавје – водено од дух на обнова, соработка и визионерско лидерство.

За повеќе информации посетете ја www.cefa.org

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK