Вчера во 22.15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, лишен од слобода е 50-годишниот С.Б. од селото Волино, општина Дебрца.
Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала М.Т..(46) од едно охридско село и физички ја нападнал.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.