(Видео) Снимен незгоден момент – првата дама на Франција му удри шлаканица на Макрон


brizit-makron.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видео на кое се гледа како првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, брзо стана вирално, а социјалните мрежи се преполни со теории. Целиот свет шпекулира дали ова бил вистински удар, или шега меѓу сопружниците.


 

Пристигнувањето на францускиот претседател во Ханој, Виетнам, предизвика бура на социјалните мрежи откако беше објавено видео на кое неговата сопруга Брижит го удира во лицето со двете раце додека се отвораат вратите од претседателскиот авион.

Елисејската палата првично сугерираше дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.

Видеото брзо стана вирално на социјалните медиуми и беше претежно споделувано на профили познати по тоа што се противат на Макрон, вклучувајќи ги и проруските канали.

„Ова беше момент на интимна блискост меѓу сопружниците. Не требаше долго време за да се лансира нов бран теории на заговор“, соопшти тимот на претседателот, додавајќи дека негативните коментари дошле претежно од проруската орбита.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK