Трамп: Разговаравме со фон дер Лајен, се договоривме за рок за царините


tramppr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори со Европската унија (ЕУ) до 9 јули, откако претседателката на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне „добар договор“.


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно во неделата објави на социјалните мрежи дека ЕУ е подготвена брзо да започне трговски преговори со САД, но дека е потребно повеќе време за да се постигне договор. Фон дер Лајен во објава на Икс изјави дека имала „добар“ телефонски разговор со Трамп.

„Имавме многу убав разговор и се согласив да го поместиме рокот. Таа рече дека ќе се сретнеме многу наскоро и ќе видиме дали можеме да договориме нешто“, рече Трамп, враќајќи се во Вашингтон по викендот во Њу Џерси.

Трамп во петокот изјави дека е незадоволен од темпото на трговските преговори со ЕУ и се закани дека ќе воведе царини од 50 проценти за сите стоки од ЕУ почнувајќи од 1 јуни.

На почетокот на април, Трамп постави рок од 90 дена за трговски преговори со ЕУ, кој треба да истече на 9 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK