Демолирана и ограбена обложувалница во Чаир, одземени сеф и осум кеш бокса, МВР трага по сторителот


sportska-oblozuvalnica-policija-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гарбеж се случил ноќта кон саботата во обложувалница во скопски Чаир во периодот од  00.18 до 04.40 часот, според информацијата на полицијата.


Од МВР за штетата велат дека едно лице со употреба на сила и погоден алат одзело осум кеш бокса, ги оштетило сите апарати, и одзело сеф кој бил под работниот пулт.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во информацијата на полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK