Длабока тишина и солзи на улиците во Кочани: родителите со фотографии од загинатите деца на „Маршот на ангелите“


marsh-na-angelite.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кочани почна „Маршот на ангелите“ кој го преводат родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.


Во атмосфера на длабока, долга и гласна тишина и со солзи тие чекорат низ улиците, во рацете држејќи фотографии од своите деца и барајќи неслективна правда. Кон протестот се приклучија голем број граѓани, а поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз до градот.

Маршот почна од Паркот на Револуцијата и продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK