Пакистан и Кина се договорија за поголема соработка во трговијата и инвестициите


9f9b2fbd-4e4c-4906-aeac-439e8e42a500-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистан денес објави дека се согласил да ја продлабочи трговијата и инвестициите со Кина, неколку дена по завршувањето на смртоносниот спор со Индија, за кој Пекинг инсистираше дека е решен преку дијалог.


Вечните соперници Индија и Пакистан се согласија на прекин на огнот на 10 мај, по четиридневни борби, најлошите во речиси три децении. Тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи ескалираа по нападот во индискиот дел од Кашмир на 22 април, во кој загинаа 26 лица. Индија го обвинува Пакистан за нападот, но Исламабад негира каква било вмешаност.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар вчера во Пекинг се сретна со својот колега Ванг Ји. „Кина ги поздравува и поддржува напорите на Пакистан и Индија за решавање на нивните разлики преку дијалог и постигнување на сеопфатен и траен прекин на огнот“, рече Ванг.

Ванг му кажал на Дар дека Кина ќе го поддржи Пакистан во заштитата на неговиот национален суверенитет и територијален интегритет, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. Освен што одржуваат блиска комуникација, двете земји се согласија за поголема соработка во трговијата, инвестициите, земјоделството, индустријализацијата и други сектори, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK