Австралија го отфрли предлогот на Кина заеднички да се спротивстават на американските царини


677z381_kina-trgovina-kontejeneri-izvoz-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралија денеска го отфрли предлогот на Пекинг да работи заедно за да се спротивстави на американските царини, велејќи дека наместо тоа ќе продолжи да ја зајакнува својата трговија и да ја намали зависноста од Кина, нејзиниот најголем трговски партнер.


„Нема да се држиме за рака со Кина во врска со каков било конфликт што се случува во светот“, изјави вицепремиерот Ричард Марлс за Sky News, реагирајќи на предлогот на кинескиот амбасадор двете земји да „работат заедно“ на полето на трговијата. Тој рече дека Австралија ќе ја изгради својата економска отпорност со зајакнување на трговските врски со Европската унија, Индонезија, Индија, Велика Британија и Блискиот Исток, според Ројтерс.

Кинескиот амбасадор во Австралија, Ксијао Киан ја повика Канбера да соработува со Пекинг за одбрана на мултилатералниот глобален трговски систем. „Под новите околности, Кина е подготвена да им се придружи на Австралија и меѓународната заедница за заеднички да одговорат на промените во светот“, рече Ксијао.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека привремено ќе ги намали високите царини за десетици земји, но ќе продолжи да ја таргетира Кина, зголемувајќи ги тарифите од 104 на 125 отсто.

Ова може да претставува ризик за Австралија, која извезува речиси една третина од својата стока во Кина, според Ројтерс. Извозот во САД сочинува помалку од пет проценти од вкупниот извоз на стока на Австралија. Премиерот рече дека иако царините за Австралија, клучен американски безбедносен сојузник во Индо-Пацификот, немаат основа во логиката, неговата влада нема да му возврати на Вашингтон, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK