Според пресметките на „Блумберг“, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле 208 милијарди долари поради остриот пад на акциите по наметнувањето на тарифите од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ова е четвртиот најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на Bloomberg Billionaires Index, а исто така и најголем од врвот на пандемијата на ковид-19.
Најголеми загуби забележале шефовите на американските технолошки гиганти. Основачот на „Мета“, Марк Закерберг, изгуби најмногу – 17,9 милијарди долари – откако акциите на неговата компанија паднаа за 9 проценти, известува „Блумберг“.
Џеф Безос загуби 15,9 милијарди долари откако акциите на „Амазон“, исто така, потонале за 9 проценти во еден ден.
Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што неговите вкупни загуби од почетокот на годината изнесуваат 110 милијарди долари.