­

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности


Screenshot-2025-03-16-201959.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности.


Тој рече дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати и таа што ја имало била затворена со сунѓери за сузбивање на звукот, немало огноотпорен покрив, и дека просторот бил за објект за лесна индустрија, а не во угостителски објект.

„Се презедоа низа активности, со тоа што од страна на јавните обвинители беа издадени наредби за обдукција на починатите.

Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување довело до настанот, и да се испита неговата улога. Има наредба за испитување на низа на предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредби за привремено одземање на снимки од безбедносни камери на Основниот суд Кочани. Издадена е наредба за одземање документација од дискотеката. Исто така наредба за претрес на дом и други простории во Кочани.

Од страна на јавните обвинители беше извршен увид на лице место, и уште не е завршен, ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Ќе ангажирам уште 3-5 јавни обвинители од ЈО Скопје, затоа што е сложен предмет, и ќе треба да се испитуваат уште многу работи. Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант, немал доволен број на ПП Апарати, односно само два, немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и затворена со гипс картон.

Според Коцевски немало можност за пристап на противпожарни возила. Внатрешноста на објектот била со гипс картон, но без огноотпорни својства, немало систем за известување за пожар.

Дискотеката непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.

„Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола.
Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија од 419 метри квадратни. Не е извершена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.

Пропустите се како што рече се навистина големи и тоа е ерозија на системот.

Се бара краткотраен притвор за десет лица за кои во текот на денешниот ден обвинителството собрало докази, а откако ќе заврши увидот постои можност за продолжување на притворот, соопшти Коцевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK