На 1ви март 2025, сабота, во KickOff Arena во Cevahir Mall Skopje ќе се одржи финалната група натпревари во мини фудбал 3 на 3, помеѓу тимови од 8 основни училишта од општина Аеродром.
Во турнирот, кој започна на 17.02, учествуваат деца од основните училишта во општина Аеродром, поделени во две категории: II и III одделение и IV и V одделение. Во сабота, со почеток во 10:00, ќе се одржат елиминациските натревари помеѓу 8 тима во секоја категорија, додека финалето кога ќе се одлучуваат победниците започне во 15:00 часот.
Школскиот турнир во мини фудбал е во организација на Општина Аеродром во соработка со Сојузот на спортови на општина Аеродром и се одржува во KickOff Arena во Cevahir Mall Skopje. За победниците сe предвидени и награди.
