Седум последователни земјотреси ја погодија Гранада денес, предизвикувајќи евакуација на трговски центри, хотели и станбени згради. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 4,8 степени со епицентар во Гохар. Три лица беа полесно повредени, а сите неитни медицински прегледи и операции беа привремено прекинати низ целата покраина. Оваа серија потреси следеше по земјотрес со магнитуда од 5 степени што го погоди истото подрачје во саботата, објавува „Ел Мундо“.
Серија земјотреси
Главниот земјотрес беше регистриран во 10:37 часот на длабочина од пет километри. Националниот географски институт (IGN) регистрираше уште неколку последователни потреси. Во 10:53 часот земјотрес со магнитуда од 4 степени се случи во Чуријана де ла Вега, а во 12:39 часот уште еден земјотрес со магнитуда од 4,2 степени со епицентар повторно во Гохар.
Вкупно се регистрирани седум земјотреси, од кои четири имаа магнитуда поголема од 4. Андалузиската влада ја активираше првата фаза од својот план за вонредни состојби за да ги координира сите расположиви ресурси. Градоначалничката на Гранада, Марифран Каразо, за радиото „Канал Сур“ изјави дека жителите се многу загрижени и нервозни.
OTRO TERREMOTO SACUDIÓ GRANADA Y OBLIGÓ A DESALOJAR LA ALHAMBRA
Un sismo de magnitud 4,8 sacudió Granada este martes, tres días después de otro terremoto en la zona. Hubo tres heridos, entre ellos un nene, y algunos daños en edificios que por ahora no se consideran… pic.twitter.com/l8yTDhOgZ9
— Clarín (@clarincom) August 18, 2026
Таа ги повика граѓаните да останат смирени и да бараат информации само преку официјални канали. „Не треба да шириме паника, но мора да бидеме внимателни“, рече таа.
Евакуации низ градот„
Голем број јавни и комерцијални згради беа евакуирани поради земјотресот. Како мерка на претпазливост, администрацијата на Алхамбра ја евакуираше палатата Насрид и тврдината Алказаба, а посетите на тие делови од комплексот беа привремено прекинати. Посетите на градините Партал и Генералифе продолжуваат како и обично, додека експертските тимови ја проценуваат состојбата на спомениците.
Андалузиската здравствена служба (САС) одлучи да ги прекине сите планирани активности во Гранада за вторник попладне од безбедносни причини, вклучувајќи медицински прегледи и неитни операции. Службата за итни случаи и одделенијата за онкологија работат нормално.
Заменик-премиерот на регионалната влада, Антонио Санц, рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните и персоналот. „Постојано ја следиме ситуацијата и дејствуваме со најголема претпазливост. Безбедноста е наш врвен приоритет и затоа преземаме сите потребни превентивни мерки“, рече Санц.
Првични проценки на штетите
Градот Гранада привремено ги затвори сите општински згради и институции. Првичните инспекции покажуваат оштетување на зградите, но во моментов нема информации за сериозни структурни штети во самиот град. Четири училишта каде што се одржуваат летни работилници се проверени и не претрпеле никаква штета, па затоа ќе продолжат да работат. Сепак, сите образовни институции ќе бидат темелно проверени пред почетокот на учебната година.
Инспекцијата откри структурни оштетувања на здравствените центри „Заидин Сур“, „Заидин Центро“, „Бола де Оро“ и „Касерија де Монтихо“, а експертите ја проценуваат нивната големина. Денешните земјотреси се продолжение на зголемената сеизмичка активност што беше регистрирана во текот на викендот, кога беа регистрирани повеќе од триесет помали потреси.
Фото: ЕПА