(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот


Screenshot-2025-02-24-074811.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на регионот.


„Според првичните информации нема повредени, а се проценува материјална штета“, напиша гувернерот Павел Малков на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој не прецизираше за која компанија се работи, но потврди дека службите за итна помош се на терен.

База, информативен канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во Рјазан, која е во сопственост на Роснефт. Украинците се уште не се огласиле.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа пожарот што избувна по нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK