­

Германската министерка: Единствените диктатори во Европа се Путин и Лукашенко


lukashenko-putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ги нарече апсурдни последните коментари на Доналд Трамп дек Володимир Зеленски е диктатор.


„Ако погледнете во реалниот свет наместо само да твитате, тогаш знаете кој во Европа мора да живее во услови на диктатура: луѓето во Русија, луѓето во Белорусија“, рече Баербок.

Германската министерка претходно изјави дека никој освен Путин не ја започнал ниту сакал оваа војна во срцето на Европа.

„Се наоѓаме на егзистенцијална точка за безбедноста и мирот во Европа“, рече Баербок, додавајќи дека целта е да се постигне траен мир за Украина – безбеден и заштитен од идна руска агресија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK