Пуштена во употреба новоизградената атлетска патека во Гевгелија


480083225_635693235515376_1121013627461265695_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со пресекување црвена лента од страна на министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше пуштена во употреба новоизградената атлетска патека во спортскиот комплекс кај старата Касарна во Гевгелија. Свеченото пуштање во употреба, помеѓу голем број присутни граѓани, беше означено и со трчање на неколкумина дечиња низ атлетската патека.

Министерот Ристовски потенцираше дека со големо задоволство ја отвора оваа атлетска патека, којашто на сегашните и на идните генерации атлетичари, рекреативци и љубители на спортот ќе им овозможи подобри услови за тренинг и за натпреварување.


– Ова е уште еден доказ за посветеноста на Министерството за спорт кон унапредување на спортот и создавање подобри услови за сите граѓани- изјави Ристовски.

Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство што уште една иницијатива на барање на граѓаните од општина Гевгелија е реализирана и што со изградбата на овој капитален спортски објект Гевгелија е вклучена на атлетската мапа во Македонија.

– Овој проект има огромно значење за нашиот град, посебно за помладите генерации, од причина што Гевгелија за првпат добива спортска инфраструктура што претставува основа за развој на секој еден друг спорт и е од особено значење за помладите, но и за рекреативците. Нашата заложба како Локална самоуправа за обезбедување подобри услови за младите и идните генерации останува наш приоритет, рече градоначалникот Сарамандов.

Притоа, изрази благодарност до министерот Борко Ристовски, кој имаше слух и ја прифати иницијативата на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија за обезбедување средства за реализација на овој спортски капитален објект.

Атлетската патека околу спортскиот комплекс кај старата Касарна во Гевгелија е изградена согласно стандардите за спортска инфраструктура во вкупна должина од 320 метра и четири траки со вкупна ширина од 5 метра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK