Ниту во текот на претходната ноќ, полицијата во регионот на Бања Лука не го пронајде Емир Селимовиќ (38), кој се бара поради сомнение дека ги задушил сопругата Инела Селимовиќ (37) и нивниот 13-годишен син.
Како што е потврдено за „Кликс“, во рамките на потрагата по бегалецот Емир Селимовиќ, припадници на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на РС, нуркачки тимови денеска го пребаруваат Дреновското езеро кај Прњавор.
На оваа локација синоќа биле пронајдени последните траги на бегалецот Селимовиќ, поради што постои можност тој да се самоубил скокајќи во езерото. Како што дознава „Кликс“, пронајдени се неколку предмети за кои постои сомневање дека му припаѓаат.
Истовремено, полициски службеници преземаат и низа други мерки и дејствија во поширокиот регион на Бања Лука, врз основа на информации и сознанија за можни движења на Емир Селимовиќ, но кои се уште не се потврдени.
Покрај лоцирањето на мобилниот, полицијата кај Прњавор го пронашла и автомобилот „шкода фабија“, со кој Селимовиќ избегал.
Автомобилот, кој е на убиената, вчераутро го снимиле надзорните камери на автопатот „9. Јануари“, како и излегувањето од автопатот кај Прњавор. Потоа започнала потрагата во поширокото подрачје на регионот Бања Лука.
Хеликоптер вчера бил забележан над поширокото подрачје Прњавор како ја надлетува локацијата каде е пронајдено возилото и местото каде што се сомничи дека се крие Селимовиќ.