Талибанските власти ги затвораат сите невладини организации кои вработуваат жени

7-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Талибанските власти најавија дека ќе ги затворат сите домашни и странски невладини организации кои работат во Авганистан, а кои вработуваат жени.


Ова доаѓа две години откако тие побараа од невладините организации да го прекинат вработувањето на Авганистанките, наводно затоа што не носеле хиџаб според правилата, пренесува АП.

Во писмото објавено во неделата, Министерството за економија предупреди дека непочитувањето на најновата наредба ќе резултира со тоа што невладините организации ќе ја изгубат лиценцата за работа во Авганистан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK