Извршителите на вооружениот напад во кој беа убиени пет лица во Анкара оваа недела се инфилтрирале во Турција од Сирија, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Говорејќи пред турските новинари на враќање од Казан, Русија, каде што присуствуваше на самитот на БРИКС, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај.
Турските сили вчера погодија 47 локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК), во Ирак и Сирија, кои Анкара ги прогласи за терористичка организација, по терористичкиот напад во Анкара врз објектите на турската авијација ( ТАИ), во која загинаа пет, а ранети се 22 лица, пренесува медиумот.
Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, објави Јерликаја, пренесува Танјуг.