Вучевиќ повеќе нема да биде Црногорец?!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора ќе проверува дали кошаркарот, Никола Вучевиќ, се стекнал со американски пасош и со тоа го прекршил тамошниот закон кој не дозволува двојно државјанство.



Доколку овие наводи се покажат точни, Вучевиќ ќе го загуби црногорското државјанство, пишува подгорички „Вијести“.

На официјалниот профил на Службата за државјанство и имиграција на САД на социјалните мрежи неодамна беше објавено дека Вучевиќ станал американски државјанин.

„Радосната церемонија на натурализација стана уште поспецијална кога играчот на Чикаго Булс, Никола Вучевиќ, положи заклетва и стана нов американски државјанин. Добредојде во американското семејство!“, се наведува.

Црна Гора до денес нема потпишано договор за двојно државјанство со ниту една земја.

МУП на Црна Гора во одговорот за „Вијести“ потсети дека земањето друго државјанство значи губење на црногорското.

Триесет и тригодишниот Вучевиќ, кој е роден во Швајцарија, се преселил во Соединетите Американски Држави во 2011 година.

Оттогаш игра за Филаделфија и Орландо Меџик, а од 2021 година игра за Чикаго Булс.

Тој ја претставуваше својата земја Црна Гора за прв пат на Евробаскетот на ФИБА во 2011 година, а неодамна учествуваше на Светското првенство во Манила во 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK