Турскиот министер за одбрана сугерираше дека зад денешниот напад во Анкара би можела да стои курдската милитантна терористичка групација ПКК, без да понуди докази со кои ќе го поткрепи своето тврдење.
Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.
„Секогаш кога на овие никаквци на ПКК им ја даваме казната што ја заслужуваат. Но не им доаѓа паметот – ние ќе ги гониме додека не се елиминира последниот терорист“, рече Јасар Ѓулер.
Забранетата Курдистанска работничка партија (исто така позната како ПКК) се бори за автономија во југоисточна Турција од 1980-тите.
Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка група.
Денешниот напад врз Анкара доаѓа еден ден откако лидерот на турската крајнодесничарска националистичка партија, сојузник со Ердоган, ја покрена можноста затворениот лидер на ПКК Абдула Оџалан да добие условна слобода доколку се откаже од насилството и ја распушти својата организација.