“Справување со загадувањето на воздухот” – втора форумска сесија

462554468_507657908777562_6391591812081769089_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на проектот “Справување со загадувањето на воздухот” –  дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање РСМ, денеска во Куманово се одржа втора форумска сесија.
Главна цел на проектот е поддршка на локалните власти во пет пилот општини Куманово, Гостивар, Кавадарци, Струмица и Струга, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување и воздухот, идентификација и спроведување на соодветни мерки за решавање на проблемите.
По презентациите на критериумите за избор на мерки поврзани со темата на форумскиот процес и препораките од Форумот до Општина Куманово, беа предложени мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, по што се формираа работни групи за следење и спроведување на избраните мерки и препораки.
На настанот учествуваа претседателката и членови на Советот на Општината, претставници од општинската администрација, од УНДП, претставник од Центар за климатски промени и претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање.





The post “Справување со загадувањето на воздухот” – втора форумска сесија first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK