Лазаров ги испофали Литванците: Постигнуваат многу голови тие се опасен тим

Untitled-4-13.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извор/ rkalkaloid.mk


РК Алкалоид ја почнува својата втора европска сезона. По ланскиот настап во Лига Европа во која ја запиша својата историска прва победа, а и првиот освоен бод на гости, сезонава РК Алкалоид ќе се натпреварува во ЕХФ Европскиот куп.

РК Алкалоид има амбиции да стигне колку што може подалеку во овие нокаут дуели, а прв противник на избраниците на Кире Лазаров ќе им биде литванскиот вицепрвак Клаипеда Драгунас. Тоа е клуб што годинава има шампионски амбиции, за таа цел ангажираше и тренер од Шпанија, а во ЕХФ Европски Куп исто така има амбиции да стигне што подалеку.

„Се наоѓаме пред еден нов предизвик во Европскиот куп. Конкретно, имаме еден ривал кој што можеби е неатрактивен за нас, но е доста опасен. Се работи за незгодна школа, тим кој оваа година е воден од шпански тренер и полека од материјалите се гледа напредокот на Клаипеда. Ако направиме споредба, мислам дека, да не претерам, тие се подобри за 35% и затоа сум доста внимателен во најавите, заедно со мојот тим и со моите играчи, затоа што системот на играње е дома-гости, не е групна фаза и треба да се биде доста претпазлив. Од она што го имаме како информација, се работи за тим кој дава многу голови, над 40 гола во поголемиот дел од натпреварите. Ривалот игра во силен ритам, без разлика на противникот. Ние сме цврсто на земја заедно со играчите, добро се подготвуваме и можам да ветам дека нема да го потцениме противникот. Очекувам квалитетен меч, убав ракомет за око. Испраќам покана до навивачите, да дојдат во салата Автокоманда и да бидат поддршка на овој млад и македонски тим“, изјави тренерот Лазаров.

Алкалоид има брилијантен старт во новата сезона, го освои Суперкупот на Македонија, а во првенството има седум победи во исто толку натпревари.

Натпреварот Алкалоид-Драгунас Клаипеда се игра утре во 19 часот во салата во Автокоманда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK