Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека односите меѓу таа земја и Луксембург неодамна „повторно“ се карактеризираат со меѓусебно почитување.
„Обеменот на билатералната трговија се зголеми за четири пати во изминатата деценија. Подобрувањето на конкурентноста на ЕУ е заедничка цел, затоа ги поддржуваме мерките неопходни за функционирање на светскиот трговски систем заснован на правила без вештачки бариери“, соопшти Сијарто.
Сијарто го пречека својот луксембуршки колега Ксавиер Бетел во Будимпешта за првпат во неговиот децениски мандат.