Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

proektili-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах.


Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, беше убиен во јули во Техеран, додека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала беше убиен минатата недела во Бејрут. Иранската гарда додаде дека целите на денешниот напад биле важни бази и дека деталите ќе ги соопштат подоцна.

Израелското воено радио тврди дека речиси 200 проектили биле истрелани од Иран кон Израел. Засега не е јасно колкумина постигнале одредени цели.

Нападот од Иран продолжува, се вели во најновото соопштение за печатот на израелската армија. Се повторува претходната порака до жителите „да останат во заштитеното подрачје до дополнително известување“.

„Експлозиите што ги слушате се од пресретнување или паѓање проектили“, се вели во соопштението.

Израелската армија известува дека моментално „идентификува и пресретнува ракети“.

Иранската државна новинска агенција ИРНА потврди дека војската на Техеран почнала да лансира балистички ракети кон Израел.

Очевидци изјавија за Ројтерс дека виделе десетици проектили како летаат над централен Јордан кон Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK