Нетанјаху: Неточни се пишувања во медиумите дека околу пладне ќе има прекин на огнот во Либан

677z381_netanjahu-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека властите околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопштија дека овие тврдења се неточни.



„Станува збор за американско-француски предлог на кој премиерот не ни одговорил“, соопштија од кабинетот на премиерот.

Се посочува дека не е точна и информацијата објавена од израелскиот Канал 12 дека Нетанјаху и наредил на израелската армија умерени напади во Либан, наведувајќи дека премиерот ја овластил армијата да продолжи со интензивните напади врз цели на Хезболах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK