(Видео) Харисон Форд ги загрижи обожавателите: „Ми се крши срцето што го гледам толку слаб“

harison-ford1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Харисон Форд се појави на D23 Expo на Дизни во август, каде што му беше врачена наградата на легендите на Дизни за неговите иконски улоги како Хан Соло во Star Wars и Индијана Џонс.


82-годишниот актер во рамките на церемонијата остави отпечатоци од раката во цементот, но пред тоа требаше да се потпише, а многумина забележаа дека ја држел десната рака со левата за да се потпише.

Сцената ги растажи фановите, кои напишаа дека актерот не изгледа добро.

View this post on Instagram

A post shared by Good Morning America (@goodmorningamerica)

„Му честитам, но ми се кине срцето што го гледам толку слаб“, „Дали некој друг е загрижен како мене дека може да стиска повеќе со едната рака од другата?“ и „Тешко ми е да гледам како мојот омилен актер старее“, се дел од коментарите на фановите.

Да потсетиме, Форд, кој моментално глуми во серијата 1923 со колешката Хелен Мирен, на почетокот на годината доби награда за животно дело на Critics Choice Awards, а кога и се заблагодари на сопругата Калиста Флокхарт со која е 20 години во брак, во својот говор го преплавија емоции и очите му се наполнија со солзи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK