Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава објави дека една од воените цели на израелската влада е враќање на жителите на северот на земјата, каде што избегаа од нападите на либанското исламистичко движење Хезболах.
Владиниот совет за политика и безбедност одлучи да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови како дел од целите на војната, се вели во најавата на израелскиот премиер.
Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран се напаѓаат речиси секојдневно по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас.
Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни.
Поради конфликтот, десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.