Унгарскиот министер за одбрана: 1.400 војници ангажирани во одбраната од поплави

677z381_677z381_madjarski-kfor-1-politika.rs_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички денеска изјави дека 1.400 војници се ангажирани во одбраната од поплави.


Тој наведе дека Националната гарда деноноќно дежура на најзагрозените места покрај бреговите и додаде дека на располагање се возила ПТСЗ-М и хеликоптери Х145М за заштита од бранот кој не е забележан од 2013 година, пренесува Танјуг.

Бобровнички додаде дека од утре во заштитата од поплави ќе учествуваат и резервисти.

Циклонот „Борис“ претходните денови донесе големи количества врнежи и поплави во Централна и Источна Европа, а бранот поплави вчера стигна и до Унгарија.

На езерото Балатон, ударите на ветерот достигнаа околу 130 километри на час.

Метеоролозите прогнозираат дека Дунав во Будимпешта ќе го достигне својот врв во сабота, кога се очекува нивото на водата да биде околу 860 сантиметри.

Најмалку 16 лица загинаа во поплавите во Централна и Источна Европа предизвикани од циклонот „Борис“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK