Антони мора да заслужи за да игра за Манчестер јунајтед

f28c2818-e884-4a2b-8b99-54b9ad4cc171.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг го подготвува својот тим за дуелот од Карабао купот против третолигашот Барнсли. Во пресрет на вечерашниот натпревар новинарите ги интересираше дали ќе игра Бразилецот Антони. За крилниот напаѓач Јунајтед пред две години плати 95 милиони евра.


„Ќе видиме каков ќе биде составот против Барнсли. Имаме тренинзи секој ден и секој треба да го заработи правото да игра за Манчестер јунајтед. Кога ќе имаат правилен став и ќе покажат добри перформанси на тренинзите, тогаш ќе играат”, изјави Тен Хаг, кој минатата сезона со Јунајтед го освои ФА Купот.

„Карабао купот и ФА Купот се важни. Многу тимови им обрнуваат внимание, сопствениците на клубовите и тренерите сакаат да освојуваат трофеи. Сум видел тимови да се борат за освојување купови, а ние го сакаме истото”, изјави холандскиот тренер.

Антони (24) пристигна во Англија од Ајакс токму на иницијатива на Тен Хаг, но вистинско разочарување е неговиот досегашен престој на „Олд Трафорд“.

Сезонава одигра само една минута. Вкупно за Манчестер јунајтед одигра вкупно 83 натпревари и постигна 11 голови. Во меѓувреме неговата цена на „Трансфермаркт“ падна на 25 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK