Последната порака од подморницата која одеше до бродот Титаник: „Овде се е во ред“

Screenshot-2024-09-17-072234.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една од последните пораки на екипажот на подморницата Титан, која минатата година одеше до бродот Титаник гласи: „Овде се е во ред“.



Пораката беше испратена пред имплозијата, од сопственикот на „Оушн Гејт“, Стоктон Раш, британскиот милијардер Хамиш Хардинг, таткото и синот Шахзад и Сулеман Давуд и Французинот Пол-Анри Наргеолет. Тогаш, загинаа сите членови на екипажот на подморницата.

Петмината комуницирале со бродот за поддршка Polar Prince преку текстуална порака, според анимацијата презентирана од американската крајбрежна стража, прикажана на првиот ден од сослушувањето за имплозијата, пренесува Скај Њуз.

Екипажот на подморницата почна да губи контакт со екипажот на Polar Price кој постојано прашуваше за длабочината и тежината на подморницата додека се спушташе кон потонатиот брод Титаник. Екипажот на Polar Price, исто така, постојано прашуваше дали Титан сè уште може да го види бродот на екранот на својата подморница.

Последниот одговор од Титан беше: „Овде се е во ред“. Подморницата го направи своето последно нуркање на 18 јуни 2023 година, губејќи контакт со бродот за придружба околу два часа подоцна.

Спасувачите превезоа бродови, авиони и друга опрема до област на околу 435 милји (700 километри) јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд. Потрагата по Титан привлече глобално внимание и остатоците на крајот беа пронајдени на дното на океанот на околу 300 метри од остатоците на бродот Титаник, според официјалниот извештај.

Се очекува рочиштето во округот Чарлстон, Јужна Каролина за имплозија на подморница да трае две недели.

„Целта е да се откријат фактите околу инцидентот и да се развијат препораки за да се спречат слични трагедии во иднина. Нема зборови за да се олесни загубата што ја претрпеа семејствата погодени од овој трагичен инцидент“, рече Џејсон Нојбаер од Бирото за истрага на американската крајбрежна стража, кој го предводеше сослушувањето.

Зборувајќи на сослушувањето, претставници на американската крајбрежна стража исто така рекоа дека Титан бил изложен на временските услови и на елементи за време на седум месеци складирање во 2022 и 2023 година.

Трупот на подморницата, исто така, никогаш не бил прегледан од трето лице, што е стандардна процедура, додаваат тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK