Пејачката Мараја Кери му се враќа на пеењето откако во ист ден ги изгуби мајка си и сестра си. Пејачката ги сподели чувствата за смртта на нејзината мајка Патриша и сестрата Алисон, со кои не можеше да ги помине последните мигови, иако Алисон тоа го сакаше.
Во неделата познатата пејачка објави видео од проба за нејзините претстојни концерти во Кина и Бразил. Во видеото, Мараја изведува побавна, скратена верзија на нејзината песна „It’s Like That“ од 2005 година, велејќи им на своите следбеници: „Се гледаме наскоро“.
View this post on Instagram
Во описот на објавата таа изјави дека се вратила на работа и им се заблагодари на своите фанови за поддршката.
„Последниве неколку недели беа тешки, но јас сум многу благодарна за љубовта и поддршката од сите и едвај чекам да се сретнам со обожавателите во Кина и Бразил. Ве сакам“, напиша Мараја Кери.
По загубата на мајка и и сестра, пејачката изјави: „Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден. Ја ценам поддршката од сите, љубов и почитување на приватноста во овој тежок период“.