Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, вечерва, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движење ЗНАМ – за наша Македонија. Поддршка дадоа иницијаторите Левица и СДСМ.
Претресот по интерпелацијата на работата на претседателот на Собранието почна претпладне, а се вклучија 21 пратеник.
По гласањето за интерпелацијата, продолжи работата по останатите точки од дневниот рд на 13. седница.