Ѓорѓиевски учествува во гаснењето на пожарот кај Расадник: Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини

8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем пожар го зафати Расадник во Кисела Вода. На помош пристигна и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој заедно со пожарникарите го гаснеа пожарот.



„Уште веднаш по добиената информација, заедно со противпожарната бригада на градот Скопје, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и сите расположливи општински ресурси излеговме на терен каде заедно го ставивме под контрола. Во овој момент се прават појаси за поголема заштита. Апелирам да не се крева паника бидејќи ситуацијата е под контрола. Патем, неколку засегнати граѓани кои заедно со мене се бореа против урбанистичко дивеење гледам по одредени свои реакции исплашени се да не е пожарот намерен и тенденциозен за да подоцна некој гради згради, како во некои други времиња. Можам да истакнам и да гарантирам дека моја заложба беше да се пониши штетниот ДУП за Расадник и да се објави меѓународен конкурс и транспарентно општината го води процесот, така да, ниту еден пожар, ниту една било каква непогода, не може да влијае против мојата намера граѓаните заедно со експертите да го креираат и изберат новиот ДУП. Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини. Јас стојам заедно до интересите на граѓаните. Огромно благодарам до населението кое рамо до рамо со нас се бореше со огнената стихија“, рече Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK