(Видео) Нетанјаху не верува во изјавата на Бајден дека не прави доволно за да постигне прекин на огнот

1704622555-11930185-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер денеска изјави дека не верува оти американскиот претседател Џозеф Бајден навистина рекол дека Нетанјаху не прави доволно за да обезбеди договор за прекин на огнот со Хамас.


Нетанјаху рече дека Израел мора да има контрола над коридорот Филаделфија долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, објави Гардијан.

Како што беше претходно објавено, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не верува оти израелскиот премиер прави доволно за да се постигне договор за размена на заробеници и заложници со Хамас.

Израелскиот премиер, стоејќи пред голем екран со карта на Газа, посочи дека Хамас ќе се вооружи доколку Израел не го контролира коридорот Филаделфија.

Тој додаде дека Израел „мора да остане обединет“ бидејќи е соочен со „брутален непријател кој сака да не убие сите“.

Израелскиот лидер рече дека разговарал со семејствата на шесте заложници чии тела биле пронајдени во тунел во Газа за време на викендот.

Тој рече дека побарал од семејствата прошка бидејќи заложниците не биле спасени живи.

„Бевме блиску до тоа, но не успеавме“, рече Нетанјаху.

На прашањето дали ја прифаќа личната одговорност за смртта на шесте заложници, тој рече дека навистина жали што тие не биле вратени дома, негирајќи дека заложниците биле убиени поради инсистирањето на Израел да ја задржи контролата врз стратешкиот коридор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK