УЕФА ги намали цените на билетите за гостинските навивачи следната сезона

liga-na-sampioni.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

УЕФА ги објави максималните цени на билетите за гостинските навивачи на сите три европски натпреварувања следната сезона.


Кога станува збор за Лигата на шампионите, „плафонот“ е 60, за Лига Европа 40, а за Конференциската лига 20 евра. Следната сезона ќе следи ново намaлување – 50 за елитниот ранг, и 35 за Лига Европа, додека цената ќе остане непроменета за последниот воведен турнир.

„Ја продолжуваме нашата мисија да го одржуваме фудбалот како инклузивен спорт, каде што навивачите кои патуваат во Европа се препознаваат и ценат“, се вели во изјавата на претседателот Александар Чеферин.

Првата одлука за намалување на цените на билетите за гостите беше донесена во сезоната 2019/20. кога границата за Лигата на шампионите беше поставена на 70, а за второто ниво на натпреварување на 45 евра, додека Конференциската лига се уште не беше воведена. Овој потег е резултат на бројните протести на навивачите поради високите давачки за каратето на гостински терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK