Камерите кај „Титаник“ ја снимија оградата на потонатиот брод: „Повеќе не е иста“

titanik-ograda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата експедиција на местото на потонатиот „Титаник“ целосно ги откри ефектите од распаѓањето на остатоците од овој познат брод.



Камерите на подморницата на експедицијата снимиле големи делови од оградата која паднала од палубата на Титаник до морското дно, јавува „Би-Би-Си“.

Снимките направени со камери на подморница без екипаж покажуваат како потонатиот брод се променил по повеќе од 100 години под вода.

„Оградата на Титаник е историска затоа што е овековечена во популарната култура и тоа е она што ви паѓа на ум кога ќе помислите на потонатиот брод . Но, сега веќе не изгледа така“ изјави Томасина Рае, директорка на RMS Titanic Inc, компанијата која ја организираше најновата експедиција.

Таа рече дека тоа е само уште еден потсетник за брзината на секојдневното распаѓање на дното на Атлантикот.

Бродот потона во април 1912 година откако удри во санта мраз, а повеќе од 1.500 луѓе ги загубија животите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK