МВР извести дека во СВР Скопје, Т.М.(26) од Скопје пријавила дека околу 23.45 часот нејзиниот сопруг А.М.(24) телефонски ја известил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица.
Според пријавеното, откако таа, нејзиниот свекор Т.М. и нивен роднина отишле на местото, лицата, исто така, физички ја нападнале неа и нејзиниот свекор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.