(Фото+видео) 16-годишен тинејџер „летал“ со БМВ-то на мајка му, па удрил во столб и дрво: загина неговиот другар

Screenshot-2024-08-31-185116.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кирнан Таг (16) е обвинет за убиство од втор степен за предизвикување инцидент на патот во кој загинал неговиот пријател, пишува Дејли мејл.



Несреќата се случила во ноември минатата година во Детроит, кога Таг возел 169 километри на час, четири пати поголема од дозволената брзина на патот, а потоа изгубил контрола над БМВ-то на мајка си и удрил во столб и дрво.

Тој преживеал, но неговиот сопатник Флин МекРел (18), пливач на Универзитетот во Дејтон, починал. Сега локалната полиција објави збирка видеа на кои се гледа дека Таг достигнува брзина до 225 километри на час, само неколку дена пред фаталната несреќа.

Велат дека во неколку наврати возел несовесно и ја пречекорил дозволената брзина. Родителите на загинатиот тинејџер веруваат дека смртта на нивниот син можела да биде спречена доколку мајката на Таг, Елизабет Пулео-Таг, му го забранила да го вози нејзиното BMW X3 M.

Тие тврдат дека била свесна дека тој имал навика да се движи пребрзо, бидејќи го следела преку апликацијата Life360 и неколку пати го предупредувала преку СМС порака.

– Не се грижеше за безбедноста на сопатниците или пешаците, а мајка му го знаеше тоа. Секој разумен човек ќе направеше нешто, ќе му ги земеше клучевите, но таа не го стори тоа и нашиот син сега е мртов – рекол Тад МекКрел во емисијата Добро утро Америка, а пренесува британскиот таблоид.

„Мајката е виновна“

Семејството сака неговата мајка да биде одговорна за несреќата, повикувајќи се на случајот со пукање во Оксфорд, каде што родителите беа осудени за убиство од небрежност затоа што му дале на својот син пиштол што тој подоцна го употребил за да убие четири лица.

– Сите се будиме во шок и неверување дека нашиот сакан Флин го нема – рекла неговата мајка, пишува Дејли Мејл.

Полицијата ги истражува СМС пораките испратени до Елизабет Пулео со предупредување за брзо возење. Во едно од нив, испратено два месеци пред несреќата, таа му напишала: “Полека, сега! Имам видеа како возиш 198 километри на час, ме плаши…”

Купила уште појако БМВ
И покрај тоа, таа купила ново, помоќно БМВ неколку недели подоцна и продолжила да му дозволува да го вози, иако имале и Субару Форестер од 2015 година, за кој родителите на починатиот тинејџер веруваат дека повеќе ќе му одговара.

Покрај неговата историја на брзо возење, Таг исто така имал историја на неколку напади врз неговата мајка. Според полициските извештаи, тој во една прилика почнал да ја удира мајка си и да ја гриза за рака во автомобилот. Во ноември минатата година скршил маса во куќата бидејќи таа не му дала ниту еден од автомобилите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK