Град Скопје: Од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

333040155_771401530699910_8340687509519769207_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градот Скопје реагираше откако Владата не прифати да набави 250 автобуси.


„Добро е што наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини. Повторно врз грбот на граѓаните на градот Скопје и вработените во градските институции.

Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани. Вака само докажа дека го интересира како да произведе конфликт со надеж дека политички ќе капитализира.

За жал, повторно се одлучија и да лажат. Имено, ратата за кредитот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Шилегов набавиле автобуси е платена во текот на изминатата недела. Од сметката на Град Скопје префрлени се средства на Министерството за финансии.

Втората лага е дека нема да возат приватните превозници. Имено, од трите пакети со кои оперираат приватни превозници нема да возат само оние автобуси чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување на хаос врз грбот на граѓаните на градот Скопје“, велат од Градот Скопје.

Претходно, од Владата ѝ порачаа прво да почне да си ги плаќа ратите за автобусите од мандатот на Шилегов и да го исплати долгот кон приватните превозници.

„Арсовска свесно го уништува Град Скопје. Арсовска има уште една година од мандатот и по освоени 1.600 гласа на парламентарните избори се збогува со политиката. Таа како и нејзиниот коалициски партнер СДСМ, Левица и ДУИ сака после себе да остави целосно уништен град.
Тоа нема да го дозволиме.

Пред Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставела на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобуси набавени од Шилегов, за да не ги плаќа Владата која сега ги плаќа.

Второ Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП во сообраќајот.

На скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а тоа што го бара Арсовска е процес за набавка на автобуси што трае од една до една и половина година.

Данела Арсовска пред Владата и пред јавноста вети дека ќе достави план за озлез од катастрофалните состојби во Скопје. План нема, а излезот го гледа во тоа друг да ги купи автобусите и друг да го исчисти градот, што е нејзина обврска и надлежност.

Арсовска бараше програмите да бидат изгласани. Ние тврдевме дека за успешен град Скопје не е клучно гласањето на програмите туку ефикасен менаџмент. Програмите се изгласани, сега Арсовска смислува ново алиби за својата неуспешност“, велат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK