Маж во Црна Гора загина откако активирал бомба во близина на неговата куќа во градот Годијево, пренесува порталот „Аналитика“.
Трагедијата се случила утрово, кога била повредена и неговата сопруга.
Како што изјавиле од Полициската управа, таа е надвор од животна опасност.
„Мажот П.Р. од Годије кај Бијело Поље утрово активирал бомба во близина на неговата куќа, при што се здобил со тешки повреди и починал. Повредена е жена која била во непосредна близина, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност“, е потврдено за агенцијата „РИНА“.
Понатамошната истрага ќе ги утврди сите околности кои довеле до овој трагичен настан.