ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива во Курск за да ја врати територијата

putin3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата во регионот Курск заземена од украинската војска, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.



– Можеме да бидеме сигурни дека Путин ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати таа територија. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде тешка борба за Русите, рече Коен на конференција.

Додека Киев нагласи дека нема намера да ја анектира областа што ја зазеде, украинската војска гради одбранбени линии и се чини дека имаат намера да задржат „дел од таа територија некое време“, рече Коен на конференција во Мериленд.

Украина тврдеше дека освоила 100 населени места за време на офанзивата во областа Курск, додека руските сили продолжуваат да напредуваат во украинскиот регион Доњецк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK