Јунајтед и Челзи во преговори за Санчо и Стерлинг

F365-Raheem-Sterling-amp-Jadon-Sancho-with-MAn-UTD-amp-Chelsea-Badges-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер Јунајтед и Челзи се во преговори за можна замена на фудбалери.


Според островските медиуми, Рахим Стерлинг би заминал на „Олд Трафорд“, додека Џејдон Санчо би се преселил во Челзи.

Челзи сака да се ослободи од Стерлинг и неговата неделна плата од 300.000 фунти. Тренерот Енцо Мареска минатата недела го освести крилниот напаѓач дека нема да смета на негов во новата сезона.

Ерик Тен Хаг, од друга страна се смири со Санчо откако фудбалерот се врати од Борусија, но реши дека не му е потребен во тимот.

Како што се ближи крајот на преодниот рок, има малку време за договор и многу пречки.

Челзи му должи на Стерлинг 70 милиони фунти за плати и бонуси за преостанатите три години од неговиот договор. Од друга страна, Јунајтед сака да го тргне Санчо од платниот список бидејќи има неделна плата од 250.000 фунти.

Извори блиски до преговорите тврдат дека секој договор ќе мора да оди според условите на Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, Јунајтед се уште е во контакт со Јувентус кој го сака Санчо и секако дека тоа би било подобра опција за нив, бидејќи би добиле пари.

Исто така Санчо е свесен за големиот интерес на Челзи и сигурно е дека попрво би се преселил во Лондон отколку во Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK