Брајтон го претстави О’Рајли

b25lY21zOmE3ZjAzZmRjLWMxZjgtNGZjZS05YmY1LTU0MGE0YmUyOTM5ZDpjNTc4YTUzYS0zZjk1LTQyZTctODY5Yi1iN2UyZTg4.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Играчот од средниот ред на Селтик, Мет О’Рајли, потпиша долгорочен договор со Брајтон, соопшти клубот од јужна Англија.


23-годишниот дански репрезентативец со англиско потекло потпиша договор до 2029 година.

Висината на трансферот се уште не е официјално објавена, но англиските медиуми пренесуваат дека се работи за повеќе од 25 милиони фунти (околу 29,5 милиони евра).

„Тој има одличен карактер и е исклучително амбициозен, што е многу важно за нас“, изјави младиот менаџер на Брајтон, Флоријан Хирцелер.

Шкотскиот шампион направи одлична финансиска трансакција. О’Рајли му се приклучи на Селтик од Милтон Кејнс Донс за само 1,5 милиони фунти.

О’Рајли е седмото засилување на Брајтон ова лето. Тој одигра 124 натпревари за Селтик од јануари 2022 година, постигна 27 гола и додаде 35 асистенции.

Брајтон по две одиграни кола во Премиер лигата има максимални шест бода, а следниот викенд гостува кај вицешампионот Арсенал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK