Институтот за проучување на војната: Русија прераспоредува војници на фронтот во Курск

ruski-vojnik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Институтот за проучување на војната објави дека руската војска најверојатно ги прераспоредува силите од Харков, Часив Јар и западна Запорожје на бојното поле во областа Курск.


Руската команда се спротивставува на притисокот за прераспоредување на силите од областа на нејзината „офанзива со висок приоритет“ на Покровск во Доњецк, соопшти Институтот.

„Тие веројатно ќе продолжат да ги црпат силите од офанзивните операции со помал приоритет на друго место на боиштето за одбрана на Курск“, додаваат од Институтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK