Мал авион се урна на Алпите, се трага по преживеани

alpi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мал авион се урнал во алпската планинска област во близина на Бранднертал, во западна Австрија, блиску до швајцарската граница.


Авионот бил на пат од Италија кога ненадејно се урнал на тешко пристапен терен.

Планинските тимови за пребарување и спасување ја пребаруваат областа откако градоначалникот Клаус Бичи го вклучи алармот нешто по 10 часот денеска, јавува Vol.

Во тек е итна потрага по преживеани, како и по остатоците од леталото.

Околу 100 служби за итни случаи се на местото на настанот, вклучително и планинската спасувачка служба, противпожарната служба и полицијата во близина на местото на несреќата, за кое се верува дека е во областа Доњи Бригел, пренесува Пулс24.

Поради густата магла во моментов не е можна потрага со хеликоптер, се вели во соопштението на Итната помош.

Останува нејасно колку патници имало во авионот кој е во приватна употреба.

Се вели дека авионот е модел со два мотори Beechcraft Baron 58 од 1978 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK