Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија истрелала повеќе од 100 проектили и 100 беспилотни летала за време на нејзиниот напад врз Украина.
Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“, објави Ројтерс.